АБРАМОВИЧ ГО ФИНАНСИРАШЕ ПАТУВАЊЕТО НА 55 БОЛНИ ДЕЦА ВО ФРАНЦИЈА

    АБРАМОВИЧ ГО ФИНАНСИРАШЕ ПАТУВАЊЕТО НА 55 БОЛНИ ДЕЦА ВО ФРАНЦИЈА

    Роман Абрамович, сопственикот на англискиот фудбалски клуб Челси, плати за патувањето на 55 сериозно болни деца на Европското првенство во Франција.

    Рускиот милијардер пред 13 години го купи англискиот фудбалски клуб Челси

    Рускиот милијардер пред 13 години го купи англискиот фудбалски клуб Челси

    Изминативе две години, се верува дека рускиот милијардер донирал 310 милиони долари на хуманитарни организации, вклучувајќи ја и израелската „Фулфулинг дримс“, којашто им помага на болни деца да го пропатуваат светот. Со парите од Абрамович, групата од 55 деца беше на два натпревари на светскиот шампион Германија и на дуелот помеѓу Ирска и Италија на Европското првенство во фудбал.
    „Доаѓањето на Европското првенство ми значи најмногу на светот. Не можам да опишам какво влијание ќе има ова искуство на мојот живот“, кажа 15-годишниот Приел, кој има церебрална парализа.
    Децата, исто така, беа во паркот „Дизни“ и на прошетка низ Париз. Израелецот Аврам Грант, поранешен тренер на Челси, го запознал Абрамович со хуманитарната организација и нејзиниот основач Гилад Салтер.
    „Не му се веруваше колку е дарежлив. Тој ни прати пари и ми кажа: ‘Ти благодарам што правиш нешто посебно, чест ми е да ти помогнам’. Мислам дека она што му се допадна на господинот Абрамович е што оваа хуманитарна организација е водена од волонтери и никој од нас нема финансиска корист“, изјави Салтер за „Си-Ен-Ен“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира