Дел од најголеми те фудбалски ѕвезди како Кристијано Роналдо, Златан Ибрахимовиќ и Вејн Руни во наредните месец дена ќе престојуваат во Франција во обид да го освојат трофејот на Европското првенство.
24 репрезентации ќе се натпреваруваат на турнирот и играчите ќе треба да бидат во врвна форма и затоа не смее да им недостасува ништо, кога нема да бидат на теренот. Фудбалските милионери ќе се одмораат од натпреварите во некои од најлуксузните хотели во Франција, а на најмногу 20 минути од хотелите мора да има и најсовремени тренинг капацитети.
Ваквото сместување нема да ги чини евтино националните федерации, но тоа нема да биде проблем со оглед на богатите награди од УЕФА за учество на Европското првенство.
Англичаните го избраа најскапиот хотел, а најекономични се Швајцарците. Тимот на Рој Хоџсон е сместен во Шатији во хотелот „Оберж ду жу Пом“, во кој едно ноќевање чини 650 евра. Швајцарските репрезентативци, пак, престојуваат во хотелот „Виши Спа“ во Монпелје за 110 евра за една вечер.

Англија престојува во луксузниот хотел „Оберж ду жу Пом“ на 40 километри од Париз. Цена на ноќевање: 640 евра.

Хотелот „Голф Барие“ во Нормандија, во кој се сместени Хрватите, важи за рај за спортските ентузијасти. Цена на ноќевање: 260 евра

Русија престојува веднаш надвор од Париз во хотелот „Ренесанс Хиподром Сен Клауд“. Цена на ноќевање: 320 евра.

Светскиот шампион Германија престојува во хотелот „Ренесанс Ексапрованс“, близу Марсеј. Цена на ноќевање: 160 евра