Англиски навивачи направија огромна сметка за време на едно ноќно излегување во Лил на Европското првенството во Франција.
Насилството помеѓу навивачите го засени првиот првиот дел од фудбалскиот шампионат и во најголем дел од инцидентите беа вмешани англиските навивачи, што ги натера УЕФА и домаќините да забранат продажба на алкохол околу стадионите.
Пред натпреварот Англија-Словачка, во последното коло од првата фаза, група англиски навивачи потроши над две илјади евра за една ноќ на 350 пива, неколку безалкохолни пијалци и грицки.
Англиската репрезентација утре игра со Исланд во осминафиналето.