Димитри Паје синоќа го постигна победоносниот гол за Франција во триумфот од 2:1 над Романија на отворањето на Европското првенство и веднаш стана херој на француските навивачи.
Сепак, Паје не ужива отсекогаш во благодетите на животот на фудбалска ѕвезда. На социјалните мрежи неодамна се појави видео од старото работно место на фудбалерот на Вест Хем, коешто е драстично различно од неговата сегашната работа, како потсетник дека животот на играчите не е секогаш идеален како што изгледа.
Додека настапуваше за младинскиот тим на францускиот прволигаш Нант, Паје мораше да работи како продавач во бутик за облека за да се издржува, бидејќи добиваше минимална плата од клубот.