На големите фудбалски натпреварувања, како што е Европското првенство во Франција, традиционално се избира идеален тим од најдобрите 11-мина играчи, но, исто така, вообичаено се прават и избори на најзгодните сопруги и девојки на фудбалерите.
Првенството во Франција ги собра најталентираните фудбалери во Европа, како и нивните гламурозни партнерки. Шпанскиот весник „Марка“ направи анкета во која учествуваа илјадници читатели и тешко е оспори нивниот избор на 11 најсекси сопруги и девојки на фудбалерите на Европското првенство.