НА ВРАЌАЊЕ ЗА МОСКВА, РУСКИ ХУЛИГАНИ ПРЕТЕПАЛЕ ШПАНСКИ ТУРИСТИ ВО КЕЛН

    НА ВРАЌАЊЕ ЗА МОСКВА, РУСКИ ХУЛИГАНИ ПРЕТЕПАЛЕ ШПАНСКИ ТУРИСТИ ВО КЕЛН

    Седуммина руски хулигани нападнаа тројца шпански туристи пред катедралата во Келн на враќање од Франција од Европското првенство во фудбал, објави „Билд”.

    Двајца од Шпанците завршија со посериозни повреди, од кои едниот со скршен нос. Шестмина од руските навивачи се уапсени и задржани во притвор, додека седмиот е се уште во бегство.

    „Навивачите биле на пат за аеродромот за да се вратат во Москва”, соопшти портпаролот на локалната полиција.

    Хулиганите претходно биле протерани од Франција за учество во нередите во Марсеј.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира