Капитенот на англиската фудбалска репрезентација Вејн Руни се појави во видео на Фудбалската асоцијација, повикувајќи ги навивачите да се однесуваат одговорно на Европското првенство во Франција, но најголемо внимание предизвика неговото бизарно мазно чело.
Се верува дека 30-годишниот Руни, кој веќе имаше операција за трансплантација на коса, сега почнал да користи ботокс, продукт за измазнување на кожата.
Познатиот британски пластичен хирург, Џејмс Мекдијармид кажа за видеото: „Мое мислење е дека тој ставил ботокс на мускулите на челото“. Неговиот колега Таимур Шоаиб додаде: „Неговото чело изгледа многу добро. Промените што ги гледаме се конзистентни со некој што има ставено ботокс“.
Првата козметичка корекција, трансплантацијата на коса, Руни ја направи во 2011 година. Неколку дена подоцна, Руни на Твитер потврди дека ја направил операцијата, вредна 30.000 фунти.
„Само да им потврдам на моите следбеници дека направив трансплантација на коса. Оќелавев на 25 години, зошто да не? Воодушевен сум од резултатот“, напиша тогаш Руни.