РАЗОЧАРАНИТЕ АНГЛИСКИ НАВИВАЧИ НЕ МОЖАТ НИТУ ДА СЕ ВРАТАТ ДОМА ПОРАДИ ШТРАЈКОВИ

    РАЗОЧАРАНИТЕ АНГЛИСКИ НАВИВАЧИ НЕ МОЖАТ НИТУ ДА СЕ ВРАТАТ ДОМА ПОРАДИ ШТРАЈКОВИ

    Англиските навивачи денеска доживеаја дополнително разочарување, откако останаа заглавени во Франција поради штрајковите во транспортниот сектор.

    Навивачите се очајни да се вратат дома по елиминацијата на англиската фудбалска репрезентација на Европското првенство во Франција. Англија синоќа загуби од Исланд со 2:1 во осминафиналето во Ница.
    Денеска, илјадници летови и возови беа откажани или одложени поради штрајковите против реформите на работничките права, коишто сака да ги воведе француската влада.
    Дури и автобусите и трамваите ме оперираа во неколку градови, вклучувајќи ја Ница. Авиокомпанијата „Рајанер” соопшти дека е принудена да откаже 166 летови од и до Франција, поради штрајкот на вработените во контрола на летање.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира