Капитенот на англиската фудбалска репрезентација Вејн Руни ги посоветувал понеискусните соиграчи и нивните партнерки да ги избегнуваат социјалните мрежи додека трае Европското првенство во Франција, открива „Тајмс“.
Според англискиот весник, Руни посебно внимание обратил на Џејми Варди, чијашто сопруга Ребека е доста активна на Твитер и на Инстаграм и често влегува во дискусии со навивачите. Стручниот штаб на англиската репрезентација верува дека таквите активности на социјалните мрежи можат да и наштетат на атмосферата во тимот и го ангажираа капитенот Руни да ги опомене играчите.
Сепак, изгледа дека советите на Руни не вродија со плод, бидејќи денеска Ребека Варди повторно се обрати до сите оние коишто досега го критикуваа нејзиниот сопруг.
„Се прашувам колкумина од вас што ме/нѐ навредувавте, сега ќе имаат храброст да се извинат? Срамота“, напиша Ребека на Твитер, мислејќи на грозните навреди од навивачите на Лестер по шпекулациите за трансфер на нејзиниот сопруг во Арсенал.
I wonder how many of you that slagged me/us off unnecessarily will now have the balls to apologise? Embarrassing….
— Rebekah Vardy (@RebekahVardy) June 23, 2016