Амбасадорите на САД и ЕУ Џес Бејли и Аиво Орав вeчерва во емисијата 360 степени на Телевизија Алсат М потсетија на писмото од февруари во кое наведоа три услови за фер и слободни избори во земјава. Тоа беа прочистувањето на избирачкиот список, медиумските реформи и оневозможување на појава на заплашување на гласачи и притисоци врз администрацијата.
На прашање на новинарот дали Македонија е спремна за избори на 5 јуни, американскиот амбасадор Џес Бејли рече:„На крајот, парламентот е тој што ја носи одлуката за датумот на избори, а не меѓународната заедница“, рече американскот амбасадор Бејли .
Тој потсети дека на 22-ри февруари, амбасадорите на САД и ЕУ биле приморани да кажат дека одредени услови не се исполнети, особено за Државната изборна комисија и подготовките на избирачкиот список.
„Од тогаш се спроведени вкрстените проверки, се спроведуваат теренски проверки и исто така во МВР, од страна на државниот секретар, се одвиваат низа административни проверки. Така што, сега она што граѓаните, парламентот и други треба да го прашуваат е дали тие работи се одвиваат како што треба.“, рече Бејли.