СПИСОКОТ СО СПОРНИ ГЛАСАЧИ ДИК ГО ОБЈАВИ НА ИНТЕРНЕТ

    СПИСОКОТ СО СПОРНИ ГЛАСАЧИ ДИК ГО ОБЈАВИ НА ИНТЕРНЕТ

    Скопје, 29 март, 2016 – (META) Државната изборна комисија (ДИК) денеска го објави списокот на гласачи кои се проверуваат теренски по име презиме и адреса на живеење.

    Списокот е достапен на официјалната интернет страница.

    На вчерашната седница на ДИК со 5 гласа „за“ и 4 „против“ беше усвоен предлогот на членовите од ВМРО-ДПМНЕ, Силвана Бонева и од ДПА, Бедредин Ибраими на веб-страницата на ДИК да бидат објавени имињата на лицата кои ќе бидат опфатени со теренската проверка, поради како што рекоа, транспарентност на процесот.

    На територија на општина Чаир, Бутел и Шуто Оризари анкетарите треба да проверат 17.000 записи со податоци за спорни гласачи. Повеќе од 11.000 спорни гласачи има во Куманово и Липковскиот регион, речиси 7.000 во Центар и Аеродром, во Карпош и Тетово по 6.000, а 4.000 има во Битола.

    Членовите на ДИК, за процесот да се одвива побрзо, одлучија да го зголемат и бројот на анкетари од 376 на 488.

    Заедно со анкетарите на терен има и набљудувачи од четирите политички партии кои, како што велат од ДИК, немаат право да влегуваат во комуникација со лицата кои се анкетираат при теренските проверки.

    Теренската проверка би требало да заврши до 3 април.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира