НАД 15 МРТВИ ВО МАСАКРОТ ВО ПРАГА, НАПАДОТ ГО ИЗВРШИ 24-ГОДИШЕН СТУДЕНТ, ПРЕТХОДНО ГО УБИЛ И ТАТКО МУ

    НАД 15 МРТВИ ВО МАСАКРОТ ВО ПРАГА, НАПАДОТ ГО ИЗВРШИ 24-ГОДИШЕН СТУДЕНТ, ПРЕТХОДНО ГО УБИЛ И ТАТКО МУНема назнаки дека масовното пукање е поврзано со меѓународниот тероризам (Фото: АП)

    Повеќе од 15 луѓе се убиени во денешното пукање на факултет во центарот на Прага, објави чешката полиција на прес-конференција.

    Таа додаде дека нападот го извршил 24-годишник од село оддалечено 21 километар од Прага. Тој бил студент на Факултетот за уметности на кој се случи пукањето, а претходно е пронајден мртов и неговиот татко.

    Полицијата веднаш по пукањето објави дека напаѓачот е елиминиран. Неговото безживотно тело е најдено на факултетот. Чешките сајтови објавија дека неговото име е Давит Козак.

    Веруваме дека тој бил инспириран од слични масакри што се случиле во странство. Нема никакви назнаки дека ова масовно пукање е поврзано со меѓународниот тероризам“, изјави шефот на чешката полиција Мартин Вондрашек.

    Тој потврди дека се убиени 15 луѓе, а 24 се ранети, со напомена дека ова не се конечните бројки. Медицинските итни служби на Прага претходно кажаа дека деветмина од ранетите се во тешка состојба.

    Ова беше насилен напад со умисла“, изјави Вондрашек.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира