МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ ГОЛЕМА ПОБЕДА И НАЈАВИ ДЕКА ВО НОВАТА ВЛАДА НЕМА ДА БИДЕ ДУИ И ЌЕ ПРЕГОВАРА СО СИТЕ ОПОЗИЦИСКИ ПАРТИИ

    МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ ГОЛЕМА ПОБЕДА И НАЈАВИ ДЕКА ВО НОВАТА ВЛАДА НЕМА ДА БИДЕ ДУИ И ЌЕ ПРЕГОВАРА СО СИТЕ ОПОЗИЦИСКИ ПАРТИИЌе преговараме со сите опозициски партии, но тоа не значи дека сите ќе бидат дел од новата влада. - Мицкоски во седиштето на партијата (Фото: Ѓ. Личовски)

    Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски по победата на парламентарните избори кажа дека ДУИ нема да биде дел од новата влада. Тој најави дека во наредните денови ќе ги почне преговорите со опозициските партии.

    Според резултатите од Државната изборна комисија (ДИК) со 90,40% преброени гласови, ВМРО- ДПМНЕ освои 390.345 гласови или 43,09%, пред СДСМ со 136.748 гласови или 15,10%, ДУИ со 127.596 гласови или 14,09% и ВЛЕН со 99.534 гласови или 10,99%.

    „Граѓаните ќе се гордеат со новата влада. Ќе преговараме со сите опозициски партии, но тоа не значи дека сите ќе бидат дел од новата влада. Верувам дека ќе ја формираме новата Влада во најкус можен рок“, рече Мицкоски.

    Тој на прес-конференцијата во партиското седиште кажа дека неговата партија веќе преговара за обезбедување на силен инвестициски пакет и во првите 100 дена на нивната влада граѓаните тоа ќе го видат.

    Кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Сиљановска-Давкова е новата претседателка на државата откако денеска во вториот круг на претседателските избори го победи Стево Пендаровски кој е кандидат на СДСМ.

    На СДСМ им порача да ги надминат разликите и поделбите и да најдат заеднички мир. Кажа дека на земјата ѝ треба силна опозиција. Рече и дека ги ги увиделе грешките на досегашната власт и истите нема да ги повторат.

    Членовите на партијата на чело со Мицкоски потоа ја продолжија прославата на Плоштадот Македонија во Скопје.

    „Ја ослободивме Македонија, сите тие кои мислие дека ќе ја поразат Македонија денеска завршија на буништо и наскоро ќе одговараат, рече Мицкоски на прославата, каде беше поставена бина и имаше неколку илјади граѓани и партиски членови.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира