По преброени 90 отсто од гласовите, ВМРО-ДПМНЕ има освоено 59 пратенички места, тројно повеќе од СДСМ, кој има 18 пратенички места, според првичните неофицијални резултати на Државната изборна комисија (ДИК) за парламентарните избори.
Повеќе пратенички места од СДСМ има коалицијата на ДУИ со 19 пратенички места, иако СДСМ освои 15 илјади гласови повеќе вкупно на ниво на држава. Следува коалицијата Влен со 13 пратенички места, Левица со 6 пратенички места и ЗНАМ со 5 пратенички места.
За добивање мандат за составување влада се потребни 61 пратеник.