18-ГОДИШНАТА ПЕЈАЧКА БИЛИ АЈЛИШ ЈА НАПИША И ЈА ПЕЕ НАСЛОВНАТА ПЕСНА ЗА НОВИОТ ЏЕЈМС БОНД

    18-ГОДИШНАТА ПЕЈАЧКА БИЛИ АЈЛИШ ЈА НАПИША И ЈА ПЕЕ НАСЛОВНАТА ПЕСНА ЗА НОВИОТ ЏЕЈМС БОНДПејачката која ја напишала песната заедно со нејзиниот брат Финис О'Конел, е најмладиот музичар во историјата што напишал и снимил насловна песна за филмскиот серијал. (Фото: Би-Би-Си)

    Американската поп пејачка Били Ајлиш ја сними насловната песна за новиот филм за Џејмс Бонд „Не е време за умирање“. Пејачката која минатиот месец наполни 18 години, ја напишала песната заедно сo нејзиниот брат Финис О’Конел и е најмладиот музичар во историјата што напишал и снимил насловна песна за филмскиот серијал.

    „Откачено е да бидеш дел од ова на кој билo начин“, изјави пејачката, додавајќи оти задачата била голема чест. „ ‘Џејмс Бонд’ е најкул филмски серијал на сите времиња. Сѐ уште сум во шок“, вели Ајлиш.

    Последните две теми за Бонд, „Скајфол“ на Адел и „Чкртки на ѕидот“ на Сем Смит, освоија Оскар.

    Продуцентите на Бонд,Мајкл Г. Вилсон и Барбара Броколи за песната рекоа дека е „неверојатно моќна и дека допира до сите“.

    „Само одбраните може да снимат песна за Бонд. Јас сум голем обожавател на Били и Финис. Едвај чекам публиката да чуе што донесоа тие двајца – нова свежа перспектива чии вокали ќе ги допрат и идните генерации“, изјави режисерот на „Не е време за умирање“ Кери Фукунага.

    Продукцијата на почетокото на месецев објави дека оскаровецот Ханс Цимер ќе ја компонира музиката. Премиерата е закажана за 2 април во Велика Британија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира