19 ПИСАТЕЛИ НАПИШАА ПОСВЕТИ ЗА ПЕТРЕ М. АНДРЕЕВСКИ, ПРОМОЦИЈАТА НА КНИГАТА Е НА 25 ЈУНИ ВО МАНУ

    19 ПИСАТЕЛИ НАПИШАА ПОСВЕТИ ЗА ПЕТРЕ М. АНДРЕЕВСКИ, ПРОМОЦИЈАТА НА КНИГАТА Е НА 25 ЈУНИ ВО МАНУСликата на корицата, како и илустрациите на страниците се дело на реномираниот сликар Сергеј Андреевски, кој е син Петре М. Андреевски. (Фото: „Арс Ламина“)

    На 25 јуни во 12 часот, во Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) ќе има промоција на „Книга за Петре (Сите лица на расказот)“, во чест на 90 години од раѓањето на великанот на македонската литература Петре М. Андреевски. Книгата ја издаде „Арс Ламина“, а ќе ја промовираат академик Влада Урошевиќ и писателите Венко Андоновски и Оливера Ќорвезироска.

    Изданието, што е дел од едицијата „Македонски книжевни класици“, содржи 19 раскази инспирирани од ликот и делото на Андреевски. Сликата на корицата, како и илустрациите на страниците се дело на реномираниот сликар Сергеј Андреевски, кој е син Петре М. Андреевски.

    Автори на прозните посвети во „Книга за Петре (Сите лица на расказот)“ се еминентни македонски автори: Влада Урошевиќ, Оливера Николова, Гордана Михаилова-Бошнакоска, Димитрие Дурацовски, Томислав Османли, Блаже Миневски, Ермис Лафазановски, Лилјана Пандева, Венко Андоновски, Оливера Ќорвезироска, Елизабета Баковска, Калина Малеска, Владимир Јанковски, Бранко Прља, Жарко Кујунџиски, Ѓорѓи Крстевски, Ѓоко Здравески, Живко Грозданоски и Хана Корнети.

    Андреевски е роден на 25 јуни 1934, а почина на 25 септември 2006.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира