31. САЕМ НА КНИГА ПОЧНУВА НА 8 МАЈ, УНГАРИЈА Е ЗЕМЈА ВО ФОКУС

    31. САЕМ НА КНИГА ПОЧНУВА НА 8 МАЈ, УНГАРИЈА Е ЗЕМЈА ВО ФОКУСУнгарскиот амбасадор Лазло Иштван Дукс, извршната директорка на Скопски саем, Даниела Глигоровска и проект-менаџерката на Саемот на книга на Скопски саем на денешната прес-конференција

    Од 8 до 14 мај во ВИП Арената „Борис Трајковски“ во Скопје, ќе се одржува 31. издание на Меѓународниот саем на книга. Годинава Земја во Фокус е Унгарија, а ќе се претстават околу 70 издавачи од Северна Македонија, Унгарија, Србија, Косово, Албанија и од Данска.

    „Културата е најдобриот начин да ја доближиме Унгарија пред македонскиот народ со кого имаме четврт век успешни билатерални односи, а Саемот на книгата е еден од најзначајните културолошки настани во областа на книжевноста, а секако покрај книжевноста имаме подготвено низа проекти преку кои ќе се претставиме и тоа во областа на музиката, танцот, фотографијата, гастрономијата и научни сознанија“, рече на денешната прес-конференција унгарскиот амбасадор Лазло Иштван Дукс.

    Извршната директорка на Скопски саем, Даниела Глигоровска рече дека во соработка со ЈСП, за полесен пристап на посетителите на Саемот на книга, се воведуваат две нови линии, 100 и 200. Линијата 100 ќе се движи од населбата Ново Лисиче до ВИП Арената „Борис Трајковски“, додека линијата 200 ќе сообраќа од населба Дексион до ВИП Арената. Цените на автобускитебилети е според официјалниот ценовник на ЈСП.

    Влезница за Саемот на книга чини 30 денари, додека за организирани посети на ученици е20 денари. Работното време на саемот ќе биде од 10 до 20 часот.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира