Актерот Едмонд Сотир е нов директор на Театар Комедија, соопшти националната установа. Едмонд Сотир е вработен актер во Театар Комедија уште од основањето. Тој е основач и организатор на фестивалот Македонско културно лето кој се одржува во општина Пустец, Албанија.
Сотир доаѓа на местото на драматургот Дарко Спасов, кој беше назначен во 2022, откако тогашната министерка за култура Ирена Стефоска ја разреши Магдалена Ризова-Черних, неколку месеци по разрешувањето на Нора Шаќири-Марковиќ. Во февруари 2023 Спасов поднесе оставка, но тогашната министерка Бисера Костадиновска-Стојчевска не му ја прифати.
Спасов ни изјави дека му завршил мандатот и останува во Театар Комедија како драматург.
Б. НЕСТОРОСКА



