АКТЕРОТ ЈОРДАН СИМОНОВ НАЗНАЧЕН ЗА УМЕТНИЧКИ ДИРЕКТОР НА МНТ

    АКТЕРОТ ЈОРДАН СИМОНОВ НАЗНАЧЕН ЗА УМЕТНИЧКИ ДИРЕКТОР НА МНТСимонов претходно беше член во уметничкиот совет на театарот. (Фото МНТ)

    Актерот Јордан Симонов е назначен за уметнички директор на Македонскиот народен театар (МНТ). Симонов, кој е првенец член на ансамблот на МНТ на функцијата е назначен од директорот Никола Кимовски, а пред тоа беше член во уметничкиот совет на театарот.

    „Имајќи ја предвид неговата долгогодишна актерска кариера, која започнува во 1989 година, како и неговото богато театарско и филмско искуство, како и режисерско, назначувањето претставува природен и значаен чекор напред – како за него како актер, така и за развојот и идните цели на институцијата. Неговото долгогодишно искуство и работата во различни жанрови – од драма, комедија и трагедија до мјузикл – претставуваат значаен придонес во уметничкиот развој на МНТ и создавањето нови професионални и творечки импулси во работата со колегите и соработниците“, соопшти МНТ.

    Симонов е наградуван актер со улоги во 26 претстави, меѓу кои и „12“ од 2024, „Варвари“ од 2025, „Сонцето, колку е блиску сонцето Made in МNT“ од 2025, мјузиклот „Као какао“ од 2026 и други.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира