AKTO ФЕСТИВАЛОТ ЗА СОВРЕМЕНИ УМЕТНОСТИ ОД ДЕНЕС ВО ТЕТОВО

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Тетово,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    AKTO ФЕСТИВАЛОТ ЗА СОВРЕМЕНИ УМЕТНОСТИ ОД ДЕНЕС ВО ТЕТОВО

    Единаесеттото издание на АКТО Фестивалот за современи уметности, почна денес во Тетово, а вечерва во 21.00 часот ќе игра претставата “Да го поздравиш и да ми го бациш” на Билјана Радиноска. Дводневниот фестивал е организиран од Здружението за култура и уметност ФРУ – Факултет за работи што не се учат.

    На отворањето говореа кураторите на фестивалот, и тетовскиот домаќин Балканскиот центар за соработка ЛОЈА, кои ја претставија програмата и говореа за состојбите во културата на општинско ниво. Бујар Лума од ЛОЈА рече дека организацијата 17 години работи без никаква помош од Општината.

    „Во последните четири години, Општината почна културните фондови да си ги троши сама, односно самата да си ги финансира проектите од културата, самата да си ги спроведува и самата да си ги оценува,” вели Лума.

    Филип Јовановски од ФРУ рече дека Општина Битола, каде АКТО фестивалот започна и се одржуваше во последните 10 години, го цензурирала.

    “После 10 години соработка и ситна финансиска помош од Општината, одеднаш фондовите не само што секнаа, туку и ни забранија настаните на фестивалот да се одржуваат на јавен простор, па моравме да наоѓаме алтернативни решенија како приватни дворови за нашите перформанси. Според нас, се работи за цензура и презир кон независната култура и современата уметност.”

    Ивана Васева од ФРУ рече дека овие прашања ќе бидат тема на јавните дискусии “Уметност за промена” кои што се дел од програмата, а на кои што ќе говорат познати уметници и културни работници од Македонија и странство.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира