АНГЕЛИНА ДИМОСКА-МИТАШЕВА Е НОВА В. Д. ДИРЕКТОРКА НА ФИЛХАРМОНИЈАТА

    АНГЕЛИНА ДИМОСКА-МИТАШЕВА Е НОВА В. Д. ДИРЕКТОРКА НА ФИЛХАРМОНИЈАТАДимоска-Миташева доаѓа на местото на Даниел Лазаровски, кој на оваа функција беше назначен во септември. (Фото: Филхармонија)

    Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска ја назначи Ангелина Димоска-Миташева за нова в. д. директорка на Филхармонијата, потврдија од Министерство за култура за САКАМДАКАЖАМ.МК.

    Димоска-Миташева доаѓа на местото на Даниел Лазаровски, кој на оваа функција беше назначен лани во септември, откако министерата за култура ги разреши дотогашната директорка Тина Иванова и Управниот одбор.

    Вработените во Филхармонија минатата недела преку синдикалната организација поднесоа петиција до Министерството за култура, со барање за итно разрешување на Лазаровски поради како што рекоа, „непрофесионално и неуко менаџирање, кое што се одразува со големи негативни последици врз целокупното функционирање на Македонската филхармонија“.

    На прес-конференција минатата недела, Костадиновска Стојчевска на новинарско прашање за петицијата на вработените во Филхармонија за разрешување на директорот, кажа дека ако индикатот за култура во оваа институција има одредени сознанија за мобинг од директорот, постојат инстанци каде тоа треба да го пријават и тој ќе биде соодветно санкциониран.

    По нејзината изјава, од Синдикатот  ѝрекоа дека може да испрати инспекции и да утврди дека нивните укажувања за незаконска работа на Лазаровски се точни.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира