АНТОЛОГИЈА НА СРПСКИОТ ФИЛМ СО 11 ДЕЛА ОД 1960-ТЕ ДО 1980-ТИТЕ ВО КИНОТЕКА

    АНТОЛОГИЈА НА СРПСКИОТ ФИЛМ СО 11 ДЕЛА ОД 1960-ТЕ ДО 1980-ТИТЕ ВО КИНОТЕКАСцена од „Кога ќе бидам мртов и бел“ на Живојин Павловиќ. (Фото: ИМДБ)

    Во Кинотеката во мај ќе оди Антологија на српскиот филм со 11 дела од раните 1960-ти до средината на 1980-тите, избрани од листата на 100-те најдобри филмови на српската кинематографија.

    Ќе играат дигитално реставрирани копии на „Кој тоа таму пее?“, „Маратонците го трчаат почесниот круг“, „Лажливо лето ’ 68“, „Балкански шпион“, „Национална класа“, „Пластичен Исус“, „Кога ќе бидам мртов и бел“, „Љубовен случај или трагедијата на службеничката во ПТТ“, „Венецот на Петрија“, „Љубов и мода“ и „Давител против давителот“. Имињата на Слободан Шијан, Горан Паскаљевиќ, Душан Ковачевиќ, Божидар Николиќ, Горан Марковиќ, Лазар Стојановиќ, Живојин Павловиќ, Душан Макавејев, Срѓан Карановиќ и Љубомир Радичевиќ како автори на филмовите се добро познати, речиси како имињата на играчите на некој омилен клуб или репрезентација во фудбал, кошарка, ракомет.

    Во мајската програма се и Денови на индонезиски филм, Недела на италијански филм, ретроспективата на Луси Буњуел кој ае во рамкиѕе на Филозофскиот филмски фестивал.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира