АРХИТЕКТКАТА БИЛЈАНА ФИЛИПОВСКА НАГРАДЕНА СО „АНДРЕЈА ДАМЈАНОВ“ ЗА ЖИВОТНО ДЕЛО

    АРХИТЕКТКАТА БИЛЈАНА ФИЛИПОВСКА НАГРАДЕНА СО „АНДРЕЈА ДАМЈАНОВ“ ЗА ЖИВОТНО ДЕЛОAрхитектонското творештво на Билјана Филиповскa лани беше претставено во Музејот на град Скопје, на изложбата „40 години траги во просторот“

    Архитектката Билјана Филиповска е годинашен добитник на наградата “Андреја Дамјанов” за животно дело, особени достигнувања и личен придонес во развојот на архитектурата и градителството за 2017 год.

    Наградата на Филиповска ќе ѝ биде врачена на 1 ноември во 20 часот во Музејот на современа уметност (МСУ).

    Како што објави Асоцијацијата на архитекти на Македонија, Филиповска својот најзначаен проектантски професионален раст го реализира во „Пелагонија проект “ каде работела непрекинато од 1977 до 2002 година на редица проекти со најразлична програма од спорт и рекреација, јавни објекти, објекти за домување и други мали интервенции во просторот.

    Во 2000-та година формира свое архитектонско биро „СТУДИО 2000 “во кое е сѐ  уште активна.

    Значителен број од проектите работени во овој период се реализирани и оставаат трајни траги во просторот, Олимпискиот базен во Скопје, Комплексот Езеро Треска, поштата во Штип, Поштата во Неготино, станбени кули во Капиштец .

    Филиповска е добитник на повеќе награди и признанија: Ноемвриска награда на град Скопје во 1979, Борбина награда за архитектура на РМ во 1979, Диплома на БИМАС за објектот Олимписки базен 1983, награда на БИМАС за објектот Пошта Штип 1986, награда на БИМАС од областа ентериери за Деловен објект во Скопски саем 2006, награда на БИМАС за проект од областа на архитектура за Катна гаража во Прилеп 2008.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира