АВТОРОТ НА ПРОМЕТЕЈ АЏИЕВСКИ ЌЕ ЈА ПРЕТСТАВУВА МАКЕДОНИЈА НА ВЕНЕЦИСКОТО БИЕНАЛЕ СО БОНДОВСКА ПРИКАЗНА

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    АВТОРОТ НА ПРОМЕТЕЈ АЏИЕВСКИ ЌЕ ЈА ПРЕТСТАВУВА МАКЕДОНИЈА НА ВЕНЕЦИСКОТО БИЕНАЛЕ СО БОНДОВСКА ПРИКАЗНА

    Уметникот Томе Аџиевски е претставникот на Македонија на претстојното Венециско биенале со проектот „Црвен карневал” (Red Carnival), поднесен од Дирекцијата за култура и уметност од Скопје. Куратор на проектот е професорот Бранко Саркањац, а со оглед на тоа што се работи за современ концепт со повеќе медиуми, како што кажа на прес-конференцијата Аџиевски, негов соработник е и Стефан Шашков.

    Историчарката на уметност Викторија Васева Димеска рече дека е Аџиевски еден од генерацијата која таа ја смета за најдобрата генерација во современата македонска уметност, а на пошироката јавност Аџиевски и стана познат по споменикот на Прометеј, во рамки на Скопје 2014. На прес-конференцијата тој рече дека во творештвото го води едно мото, а тоа е дека уметноста од Источна Европа е уметност со последици, па во тој контекст ги сфаќа и нападите на Прометеј, неговото боење, обиди да се симне од постаментот.

    „Мојот уметнички ангажман се заснова на занимавање со тешки теми, но со хумор и пародија во заднината. Така е со ‘Ред карневал’ кој се состои од објект, автомобил и од видео. Главен јунак во филмот е Џејмс Бонд, синоним на западниот свет, а дејството се случува во Москва за време на парада од 100 годишнината на октомвриската револуција. Бонд, во еден момент бега, скока во својот бондмобил, што е “бе-ем-ве зед 3″ – роадстер, а по него скокаат студенти и меншевици кои го облепуваат автомобилот со плакати од руските авангардисти. Во Венеција ќе го имаме автомобилот како објект, а ќе оди и колажирано видео”, откри дел од годинешната македонска приказна на Венеција нејзиниот автор.

    До комисијата на Министерството за култура стигнале две апликации од кои две биле отфрлени зашто не ги задоволувале барањата, а комисијата по долги дискусии го изгласала проектот на Аџиевски и на Дирекцијата за култура.

    Биеналето во венеција ќе се одржува од 13 мај до 26 ноември.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира