БАЛЕРИНАТА И КОРЕОГРАФКА САША ЕВТИМОВА ПОСТАВУВА МОДЕРЕН БАЛЕТ ВО ПОДГОРИЦА

    БАЛЕРИНАТА И КОРЕОГРАФКА САША ЕВТИМОВА ПОСТАВУВА МОДЕРЕН БАЛЕТ ВО ПОДГОРИЦАЕвтимова на пробите во Музичкиот центар во Подгорица. (Фото: Инстаграм)

    Балерината од Националната опера и балет (НОБ) и кореографка Саша Евтимова поставува балетска претстава во Музичкиот центар во Подгорица, Црна Гора. Евтимова ни рече дека соработката дошла по препорака на српскиот кореограф Александар Илиќ, кој лани ја работеше „Пепелашка“ во нејзината матична куќа.

    Илиќ ја предложил за оваа претстава кај директорката на Центарот, Исидора Дамјановиќ, која била заинтересирана за една соработка помеѓу Црна Гора и Македонија.

    „Во разговорите со Исидора, тие веќе имаа поставено тема и музика на која би се изведувало делото, тоа е познато гитарско дуо Срѓан Булатовиќ и Дарко Никчевиќ, а темата е културни миграции, кои се тесно поврзани со оформување на историјата на Црна Гора, креирајќи еден уникатен бренд на различни култури и формирање на еден културен идентитет. Може да се каже дека делото е едно патување кое еволуира во еден колоритен пејсаж. Делото сега засега е со работен наслов ‘Медитеран’, а сѐ уште работам на точниот наслов, можеби тоа би било ‘Звуци на минатото’ (Одјеци прошлости) , но сѐ уште не е дефинирано“, ни рече Евтимова.

    Делото е мултимедијално на кое работи Синиша Радуловиќ кој е уметник, графички дизајнер и сценограф на претставата која ќе се изведува со музика во живо.

    Премиерата е во јуни на фестивалот во Будва, а пред тоа ќе има претпремиера во Подгорица.

    Б. НЕСТОРОСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира