БЕРЛИНАЛЕТО ПОМЕСТЕНО ОНЛАЈН ВО МАРТ, НО НАГРАДИТЕ ЌЕ СЕ ДОДЕЛАТ СО ПУБЛИКА ВО ЈУНИ

    БЕРЛИНАЛЕТО ПОМЕСТЕНО ОНЛАЈН ВО МАРТ, НО НАГРАДИТЕ ЌЕ СЕ ДОДЕЛАТ СО ПУБЛИКА ВО ЈУНИ„Налето ќе имаме нов почеток, 70 години од првото издание“, изјави уметничкиот директор Катријан. (Фото: Берлинале)

    Берлинскиот филмски фестивал објави дека ги откажува настаните со физичко присуство кои беа најавени од 11 до 21 февруари. Наместо стандардната форма, официјалната селекција на Берлиналето ќе биде претставена од 1 до 5 март онлајн пред филмската индустрија. Европскиот филмски маркет исто така ќе се одржи во виртуелна форма. Настаните со публика се планирани за јуни.

    Фестивалската програма ќе биде објавена во февруари, а меѓународното жири ќе ги гледа филмовите во март во Берлин и ќе ги соопшти добитниците на наградите. Наградите ќе се доделат и филмовите ќе се прикажат пред публика во јуни.

    „Како одговор на времето во кое живееме, донесовме одлука да ја поделиме нашата програма на два различни, а сепак поврзани настани и на овој начин да ја исполниме самата мисија на Берлиналето. Налето ќе имаме нов почеток, 70 години од првото издание. Нашата публика ќе може да може да ги слави филмските уметници во киносалите и под отворено небо“, изјави уметничкиот директор на фестивалот Карло Катријан.

    Извршната директорка на Берлинале Мариет Рисенбек рече дека со промената на форматот на фестивалот во 2021 година, „ ќе имаме шанса да го заштитиме здравјето на сите гости и да го поддржиме рестартирањето на филмската индустрија“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира