Пејачката Биба Додева имаше настап како Катица Јанева на синоќешното 20 издание на Златна Буба Мара на полуларноста во Скопје. Таа заедно со уште две придружнички како триото специјални обвинителки – Катица, Ленче и Фатиме ја отпеаја преработката на стариот хит „Диско“ со рефренот „We are SJO“.
Во текот на настапот Биба викаше „Отвори!“, исто како што специјалната јавна обвинителка викаше минатата есен кога портирот во МВР не и дозволуваше влез во УБК, а Фатиме од придружбата извикна „Но пасаран“, како што настапи на една прес конференција.
Вистинската специјална обвинителка Катица Јанева беше во публиката во Метрополис арената во Скопје каде што се одржа јубилејното 20 издание на Златна Буба Мара на популарноста.