БЛАГОЈ ВЕСЕЛИНОВ Е ЅВЕЗДА ВО ПОДЕМ НА БЕРЛИНАЛЕ

    БЛАГОЈ ВЕСЕЛИНОВ Е ЅВЕЗДА ВО ПОДЕМ НА БЕРЛИНАЛЕВеселинов, ѕвездата на „Исцелител“, наградуваното деби на Ѓорче Ставрески, ја доби наградата меѓу 10-те најдобри актерски таленти во подем во Европа (Фото: Гети)

    Македонскиот актер Благој Веселинов синоќа во Палатата на Берлинале ја доби наградата „Шутинг старс“ (Shooting Stars), што ја доделува платформата Европска филмска промоција (ЕФП). Веселинов, ѕвездата на „Исцелител“, наградуваното деби на Ѓорче Ставрески и актер во Македонскиот народен театар (МНТ) ја доби наградата меѓу 10-те најдобри актерски таленти во подем во Европа.

    „На последниот ден од ова навистина богато искуство за време на Берлинале, нашите 10. ‘Шутинг старс’ конечно беа наградени, добивајќи го заслуженото признание пред реномираната публика (вклучувајќи го Кристијан Бејл). Убави и гламурозни, секој од нив ја прими својата награда со голем аплауз“, вели ЕФП.

    Меѓу 5-те актерки и 5-те актери годинешните добитници се од Ирска, Швeдска, Полска, Данска, Германија, Норвешка, Исланд, Србија и Естонија.

    Благој Веселинов меѓу 10-те најдобри актерски таленти во подем во Европа и директорот на Берлинскиот филмски фестивал Дитер Кослик (Фото: Европска филмска промоција)

    „Шутинг старс“ е најстарата и најпрестижна иницијатива за промоција на европскиот палент на меѓународниот филмски маркет, а од првата награда во 1998 досега на Берлиналето како еден од најголемите филмски фестивали во светот се претставени 303 наградени актери и актерки, што било пресвртна точка за многумина од нив, меѓу кои и оскаровката Алисија Викандер.

    Од Македонија оваа награда ја имаат добиено Лабина Митевска во 2009, Наташа Петровиќ во 2011.

    За првпат на Берлинале, македонски филм е во трката за престижната Златна мечка – „Господ постои, името ѝ е Петрунија“, петтиот филм на Теона Стругар Митевска, што имаше светска премиера во неделата и доби позитивни реакции.

    На Берлинале е и македонската актерка Сара Климоска, која е избрана да учествува на Талент кампусот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира