ЧЕТВОРИЦА УМЕТНИЦИ JA ДОБИЈА ТАРНЕРОВАТА НАГРАДА ОТКАКО ГО ЗАМОЛИЈА ЖИРИТО ДА НЕ ГИ ДЕЛИ

    ЧЕТВОРИЦА УМЕТНИЦИ JA ДОБИЈА ТАРНЕРОВАТА НАГРАДА ОТКАКО ГО ЗАМОЛИЈА ЖИРИТО ДА НЕ ГИ ДЕЛИ„Изолацијата и поделбите се оружје на овие непријателски средини. Токму со ова сакаме да се спротивставимена тоа, со овој симболичен чин на кохезија“, рекоа Таи Шани, Лоренс Абу Хамдан, Хелен Камок и Оскар Мурило (Фото: Гети)

    Четворицата уметници кои беа номинирани за годинашната Тарнерова награда, ќе ја поделат наградата откако испратија молба до жирито да не одбере само еден од нив како победник.

    Лоренс Абу Хамдан, Хелен Камок, Таи Шани и Оскар Мурило заедно напишаа молба до комисијата за најпрестижната британска уметничка награда.

    Тие велат дека сакале „да заземат колективен став, во време кога има толку многу поделби и изолации меѓу луѓето и општествата“. Членовите на жирито се согласија и вчера во Кент ја соопштија одлуката. Уметниците ќе ја поделат паричната награда од 40 илјади фунти.

    „Ова е нешто сосема необично. Во време на политичка поделба во Британија и конфликти во најголем дел од светот, уметниците сакаа да ја искористат приликата со Тарнеровата награда да дадат силна изјава на заедништво и солидарност“, рече уредникот на „Вог“ Едвард Енинфул кога ја соопшти одлуката, по што публиката со овации ги поздрави уметниците.

    Жирито едногласно се согласило да им дозволи на уметниците да ја поделат наградата. „Почестени сме што можеме да поддржиме ваков вид на солидарност и соработка во овие времиња на поделби“, рече комисијата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира