ДА НЕ БЕА МОИТЕ СОРАБОТНИЦИ, НЕМАШЕ ДЕНЕС ДА СУМ ТУКА, РЕЧЕ КОМПОЗИТОРОТ ЉУПЧО КОНСТАНТИНОВ ПРИМАЈЌИ ЈА НАГРАДАТА „11 ОКТОМВРИ“

    ДА НЕ БЕА МОИТЕ СОРАБОТНИЦИ, НЕМАШЕ ДЕНЕС ДА СУМ ТУКА, РЕЧЕ КОМПОЗИТОРОТ ЉУПЧО КОНСТАНТИНОВ ПРИМАЈЌИ ЈА НАГРАДАТА „11 ОКТОМВРИ“Константинов е автор на музиката на многу филмови, меѓу кои и на култните „Среќна Нова ‘49“ и „Тетовирање“. (Фото: К. Попов)

    „Им благодарам на сите мои соработници, да не беа тие, немаше денес да бидам тука. Патот дотука не беше лесен, беше послан со трње, не со персиски килими, туку со стотици табаци испишани нотна хартија и илјадници часови поминати во музичките студија во создавање музика за програмските потреби на Радиото, како и применета музика, мојата животна преокупација, музика наменета за театарската сцена, филмската уметност и телевизијата“, рече денеска во Собранието легендарниот македонски композитор Љупчо Константинов, годинашен добитник на државната награда „11 Октомври“ за 2023, највисоко признание за животно дело во областа на науката, уметноста, стопанството и другите дејности.

    Константинов (1946) дипломирал на Музичката академија во Белград. Автор е на музиката за бројни играни, документарни и анимирани филмови, ТВ-филмови, серии и драми, како и за над 60 театарски претстави. Меѓу другите, автор е и на музиката за филмовите „Среќна Нова 49“, „Македонска сага“, „Црвениот коњ“, „Тетовирање“, „Јужна патека“, „Хај-фај“ и други. Од неговата песна „Еј ти, младо момче“ во изведба на групата „Индекси“, неговата наградувана и изведувана авторска музика се смета за македонско музичко богатство.

    „Jазикот на музиката не познава граници. Таа ја поседува неверојатната моќ да допре длабоко во нашите чувства, без разлика на припадноста, потеклото и верата и таму каде што завршува моќта на зборот, таму почнува нејзината моќ“, рееч Константинов денеска примајќи ја наградата.

    Композиторот во 2019 ја доби наградата Голема ѕвезда на македонскиот филм на фестивалот „Браќа Манаки“ во Битола, а пролетва ја доби и наградата Златен објектив за 2023, која ја доделува Кинотеката на Македонија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира