ДО 5 НОЕМВРИ Е ПРОДОЛЖЕН РОКОТ ЗА ПРИЈАВИ ЗА ГОДИШНАТА ПРОГРАМА ЗА КУЛТУРА ЗА 2025

    ДО 5 НОЕМВРИ Е ПРОДОЛЖЕН РОКОТ ЗА ПРИЈАВИ ЗА ГОДИШНАТА ПРОГРАМА ЗА КУЛТУРА ЗА 2025„Потенцираме сите заинтересирани апликанти да обрнат особено внимание и да аплицираат во соодветните пријави и во соодветните дејности“, велат од Министерството. - Министерот за култура Зоран Љутков. (Фото: К. Попов)

    До 5 ноември е продолжен е рокот за аплицирање на Годишните конкурси за финансирање проекти од национален интерес по одделни области и активности од културата за 2025, соопшти Министерството за култура и туризам.

    Рокот првично требаше да заврши денес, но од Министерството велат дека пролонгирањето е поради техничките проблеми кои настанаа поради преоптоварување на системот. Пријавите може да се праќаат до 16 часот на 5 ноември.

    „Потенцираме сите заинтересирани апликанти да обрнат особено внимание и да аплицираат во соодветните пријави и во соодветните дејности, во смисла на избегнување на можноста за евентуално неподдржување на одреден проект или активност поради несоодветно пополнета апликација“, вели Министерството.

    Пријавувањето на Годишните конкурси се врши со електронско аплицирање на Националниот портал за е-услуги: https://uslugi.gov.mk.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира