ДОКУМЕНТАРЕЦОТ „ПАТУВАЊЕ ПЕШ“ НА ТАМАРА КОТЕВСКА ОД ДЕНЕСКА ИГРА ВО СИНЕПЛЕКС ВО СКОПЈЕ

    ДОКУМЕНТАРЕЦОТ „ПАТУВАЊЕ ПЕШ“ НА ТАМАРА КОТЕВСКА ОД ДЕНЕСКА ИГРА ВО СИНЕПЛЕКС ВО СКОПЈЕФилмот го следи патувањето на Амал, џиновска кукла висока 3,5 метри, која претставува дете-бегалче од Сирија, која го обиколила светот подигнувајќи ја свеста за бегалците. (Фото: „Охо продукција“)

    Документарниот филм „Патување пеш“ (The Walk) на режисерката Тамара Котевска од денеска игра во скопското кино Синеплекс.  Светската премиера беше на 9 ноември 2023 на Њујоршкиот фестивал на документарни филмови (Doc NYC), a македонската лани на 22 август на Фестивалот на креативен документарен филм МакеДокс. Претходниот филм на Котевска, „Медена земја“, што го режираше со Љубомир Стефанов, доби историски две номинации за Оскар, за најдобар документарец и за најдобар странски филм.

    Документарниот филм го следи патувањето на Амал, џиновска кукла висока 3,5 метри, млада бегалка што патува преку сириската граница во Турција, Грција, Италија, Франција и Англија, во обид да си најде дом. Филмот се снимаше 2 години, на територија на повеќе од 10 земји.

    Главен продуцент на „Патување пеш“ е британската филмска компанија „Греин медија“, македонски копродуцент е „ОХО продукција“, а доби поддршка и од македонската Агенција за филм.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира