ДОЛИ ПАРТОН ПОЧИНАЛА ПО КРАТКА БОРБА СО РАК, ТРАМП НАРЕДИ ЗНАМИЊАТА ДА БИДАТ СПУШТЕНИ НА ПОЛОВИНА КОПЈЕ СЕДУМ ДЕНА

    ДОЛИ ПАРТОН ПОЧИНАЛА ПО КРАТКА БОРБА СО РАК, ТРАМП НАРЕДИ ЗНАМИЊАТА ДА БИДАТ СПУШТЕНИ НА ПОЛОВИНА КОПЈЕ СЕДУМ ДЕНАСмртта на Партон предизвика ретко виден бран од реакции (Фото: ДПА)

    Музичката икона и посветена филантропка Доли Партон почина по кратка борба со рак, соопшти нејзиниот тим.

    Откако храбро водеше кратка борба со рак, Доли го напушти овоземскиот живот во Центарот за рак ‘Вандербилт-Инграм‘ во Нешвил окружена од саканите луѓе“, објави нејзиниот тим.

    Во изминатите месеци, Партон откажа низа концерти и јавни појавувања, велејќи дека се справува со здравствени предизвици, но повремено се огласуваше во јавноста за да каже дека е добро.

    Фанови и славни личности од светот на забавната индустрија и политиката ѝ оддаваат почит на кралицата на кантри музиката, која почина на 80 години, по кариера која спојуваше генерации и жанрови низ повеќе од шест децении. Доналд Трамп нареди знамињата низ целата земја да бидат спушени на половина копје во наредните седум дена, додека поранешните претседатели Џорџ Буш, Бил Клинтон, Барак Обама и Џо Бајден ја опишаа како најдоброто од Америка. Емпајр стејт билдинг во Њујорк ноќеска беше осветлен во розово во чест на Партон.

    Смртта на Партон, која беше и актерка и остроумна бизнисменка, се бореше против неписменоста и важеше за геј икона, предизвика ретко виден бран од реакции. Меѓу оние кои ѝ оддадоа почит и го пофалија нејзиното наследство се и Пол Макартни, Мик Џегер, Стинг, Тејлор Свифт, Бијонсе, Барбра Стрејсенд, Елтон Џон, Џулија Робертс, Џејн Фонда, Ендрју Лојд Вебер, Опра Винфри, Еминем и метал бендот „Мотли кру“.

    Партон имала тешко и сиромашно детство и го искористила својот редок музички талент за да се издигне до статусот на глобална суперѕвезда. Во кариерата продаде над 100 милиони албуми, со што е една од најуспешните музичарки на сите времиња. Има добиено 11 Греми награди, вклучувајќи за животно дело, како и почесен Оскар. Од каталогот од стотици песни, таа имаше рекордни 25 синглови број 1 во американската кантри-музика и 47 албуми во топ-10.

    Преку својата фондација „Доливуд“ доделуваше стипендии за колеџ и им помагаше на децата да завршат средно училиште, а во 1995 година го започна проектот „Библиотека на имагинацијата“, преку кој денес се дистрибуираат 25 милиони книги годишно. На врвот на пандемијата на ковид-19, донираше еден милион долари за развој на вакцината.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира