ДРЖАВНАТА НАГРАДА „СВЕТИ КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ ЗА ИЦКО ЃОРГОСКИ, ВИОЛЕТА АЧКОСКА, АЛИ ПАЈАЗИТИ И ЈОВАН ШУМКОВСКИ

ДРЖАВНАТА НАГРАДА „СВЕТИ КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ ЗА ИЦКО ЃОРГОСКИ, ВИОЛЕТА АЧКОСКА, АЛИ ПАЈАЗИТИ И ЈОВАН ШУМКОВСКИУметникот проф. м-р Јован Шумковски  е еден од добитниците на државната награда.

Биологот проф. д-р Ицко Ѓоргоски, историчарката проф. д-р Виолета Ачкоска и универзитетскиот професор д-р Али Пајазити  се годинашни добитници на државната награда „Св. Климент Охридски“ за 2026 во областа на воспитанието и образованието, а уметникот проф. м-р Јован Шумковски  во областа на културата и уметноста, соопшти Министерството за култура и туризам. 

Наградата се доделува како највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, заштитата и унапредувањето на човековата околина и во социјалната дејност од јавен интерес на Македонија.

Претседател на Одборот за доделување на наградата беше проф. д-р Драги Митревски, а на добитниците ќе им биде врачена на 8 декември во 11 часот, во свечената сала на Собранието.

Симнете ја мобилната апликација

©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира