ДВЕ НЕДЕЛИ БЕСПЛАТЕН ВЛЕЗ ЗА АРХИТЕКТОНСКИТЕ ИЗЛОЖБИ НА ДВОЈНОТО МАКЕДОНСКО БИЕНАЛЕ

    ДВЕ НЕДЕЛИ БЕСПЛАТЕН ВЛЕЗ ЗА АРХИТЕКТОНСКИТЕ ИЗЛОЖБИ НА ДВОЈНОТО МАКЕДОНСКО БИЕНАЛЕПоради ковид-пандемијата изминатите години не се одржа оваа значајна македонска архитектонска смотра.- Од Биеналето во 2018 во МСУ. (Фото: К. Попов)

    Двојното издание на Биеналето на македонската архитектура (БИМАС), или 20. и 21. издание, ќе се одржи од 14 до 21 септември. Влезот е слободен за сите настани и изложби, соопшти Асоцијацијата на архитекти на Македонија (ААМ).

    Поради ковид-пандемијата, изминатите години не се одржа оваа значајна македонска архитектонска смотра.

    Биеналето ќе се одржува на две локации, во објектот на Националната галерија на Македонија (НГМ) -Мала станица и во Музејот на современа уметност (МСУ). Ќе се изложат проектни решенија и реализирани проекти во периодот од 2018 до 2020  и од 2021 до 2023 година.

    Свеченото отворање е закажано за 14 септември во 20 часот во Мала станица, а доделувањето на наградите се најавува за 29 септември во 19:30 часот во МСУ.

    „Во периодот од две недели, во двата музејски простори ќе бидат изложени архитектонски проекти, реализирани објекти и урбанистички проекти од македонски архитекти и автори.

    Во овој период ќе бидат организирани и Студентско биенале и Балкански архитектонски форум.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира