Францускиот филм „Емилија Перез“ доминира меѓу номинациите за Оскар и ќе конкурира во дури 13 категории. „Бруталист“ и „Злобница“ добија по десет номинации. Покрај нив, за најдобар филм се номинирани и „Анора“, „Целосно непознат“, „Конклава“, „Дина: Втор дел“, „Уште сум тука“, „Nickel Boys“, „Супстанција“.
Ејдриен Броди („Бруталист“), Тимоти Шаламе („Целосно непознат“), Себастијан Стан („Приправник“), Реиф Фајнс („Конклава“) и Колман Доминго („Синг Синг“) добија номинација за најдобар актер, а Синтија Ериво („Злобница“), Карла Софија Гаскон („Емилија Перез“), Мајки Медисон („Анора“), Деми Мур („Супстанција“) и Фернанда Торес („Уште сум тука“) ќе се борат за Оскарот за најдобра актерка.
За најдобра машка споредна улога се номинирани Киран Калкин за „Вистинска болка“, Гај Пирс за „Бруталист“, Едвард Нортон за „Целосно непознат“, Џереми Стронг за „Приправник“ и рускиот актер Јура Борисов за „Анора“, а во женска конкуренција Моника Барбаро за „Целосно непознат“, Фелисити Џонс за „Бруталист“, Аријана Гранде за „Злобница“, Изабела Роселини за „Конклава“ и Зои Салдана за „Емилија Перез“.
Во режисерската категорија се издвоија пет имиња кои првпат се номинираат за Оскар: Шон Бејкер за „Анора“, Брејди Корбет за „Бруталист“, Џејмс Менголд за „Целосно непознат“, Жак Одијар за „Емилија Перез“ и Корали Фарже за „Супстанција“.
Хрватскиот филм „Човекот кој не можеше да молчи“ доби номинација за Оскар за најдобар краток игран филм. Во режија на Небојша Слијепчевиќ, овој филм освои Златна палма на ланскиот Кански фестивал.
Во конкуренција за најдобар странски филм се „Уште сум тука“ (Бразил), „Девојката со иглата“ (Данска), „Емилија Перез“ (Франција) и „Семето на светата смоква“ (Иран) и „Флоу“ (Летонија).
Церемонијата на доделување Оскари ќе се одржи на 3 март.