ФИЛМОТ ИНСПИРИРАН ОД СМИЛКОВСКО ЕЗЕРО ПРИКАЖАН ВО БЕРЛИН, ПУБЛИКАТА ДОЈДЕ РАСПОЛОЖЕНА, СИ ЗАМИНА СО МАЧНИНА

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Берлин,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ФИЛМОТ ИНСПИРИРАН ОД СМИЛКОВСКО ЕЗЕРО ПРИКАЖАН ВО БЕРЛИН, ПУБЛИКАТА ДОЈДЕ РАСПОЛОЖЕНА, СИ ЗАМИНА СО МАЧНИНА

    СПЕЦИЈАЛНО ЗА САКАМДАКАЖАМ.МК ОД БЕРЛИН – СИЛВЕРА ПАДОРИ КЛЕНКЕ

    Во киното „Колосеум 1“ во тренд квартот Пренцлауер Берг во источниот дел од Берлин, синоќа беше првата проекција за публиката на македонскиот филм на Теона Митевска „Кога денот немаше име“. Иако е добри петанесеттина километри оддалечено од  фестивалскиот црвен тепих на Потсдамер Плац, киното со петстотини седишта беше речиси целосно исполнето. И тоа не само со акредитираните новинари, туку и со многу возрасни и млади луѓе кои во салата пристигнаа во добро расположение од околните кафулиња, а заминаа, како што кажаа и повеќемина со кои разговаrавме, со горчина во устата, со нелагодно чувство и со сознанието дека навистина никој не знае каде оди и што се случува со светот.

    „Кога денот немаше име“  кој на Фестивалот се прикажува во селекцијата „Панорама“ инспириран од случувањата од 2012 кај Смилковско Езеро, во вистинското значење на зборот е уметнички. Филмот не е крими прикаска по урнекот на Холивуд, ниту документарец за случувањата и истрагата на убиството на четворицата млади луѓе кај Смилковското Езеро. Последното остварување на Митевска е креативна рефлексија на неколку животни приказни на постпубертетли врз кои е исткаена атмосфера која и долго по последниот кадар останува во душата.

    „Кога денот немаше име“ постарите кино посетители сигурно ќе ги потсети на легендарниот „Бунтовник без причина“ на Елија Казан. Во американското ремек дело од педесеттите беше пренесен тесниот корсет на цивилизациските норми во кои живееа младите од американското општство и кои сакаа да ги урнат. Тука, во македонсиот филм побликата се конфронтира со отсуството на цивилизација и норми,  фикција, меѓутоа со сета острина пренесена реална слика на нашето битисување.

    „Гледан тука во Берлин, во средената и убава Германија, со атмосферата која е пренесена, филмот ми остава непријатно чувство и некако изнуди од мене да се дистанцирам од приказната, изјави за САКАМДАКАЖАМ.МК филмскиот критичар Матијас Мајер кој и по проекцијата остана во кино салата. „Да се разбереме, атмосферата е одлична, режисерот добро си ја сработил задачата, но дистанцирањето е од пренесената порака. Не за Македонија, туку за сите нас. Што ли допрва доаѓа, што ги чека нашите деца? Не е ли „Кога денот немаше име“ прозорец кон нашата иднина? Па погледенте што се случува кај нас и во светот:  ја имаме ПЕГИДА, АФД,  различните турски и курдски  фракции,  групата  германски граѓани кои им посакуваат добредојде на бегалците, но и оние кои ги палат објектите каде живеат луѓето кои избегале од војната за да си го спасат сопствениот и животот на најблиските. Се е измешано, границите на конфронтации се се попорозни, перфорирани, нема морал, лојалноста е само кон оние од кои зависи единката…“, вели Маер.

    Неговата придужничка Кристиане дополнува дека  „прозорецот на Митевска исто толку се однесува и на сиромашната и средната класа во Америка наспроти естаблишментот, како и на она што се случува лево и десно од германските граници, националистите во Франција и Полска, но и потресите кои допрва ја чекаат Европа и Европската унијата со заминувањето на Велика Британија“.

    „Рибарењето е убаво хоби, но еве што може да се случи. Фикција или реалност, не знам што навистина беше, но филмот не ме остави рамнодушен“, изјави кусо дваестегодишниот  Алек кој беше меѓу публиката во салата.

    „Една приказна за млади кои го минуваат пубертетот, нормално со се’ сексуалноста е само еден мал од сантата мраз која е пренесена на површината. Многу подлабока е идејата и љубоптен сум како ќе реагира критиката тука во Берлин, но и публиката во Македонија, зашто инспирацијата е оттаму и сигурен сум била болна за добар дел од општеството. И уште нешто… Забележав дека единствени, да кажам недопрени и здрави по сите перипетии  во филмот  останаа двата автомобили ренџровери. Едниот кој го имаа македонските момчиња, и вториот на нивните опоненти “, коментира Дитер.

    За Верена импресивни биле сликите на колоната мажи  кои работеа и го собираа ѓубрето оставено во природата.

    „Толку ѓубре, наспроти  прекрасната природа и воденото коњче.  Јас ги гледав и „Жената која ги избриша солзите“, но пред десет години чинам и „Јас сум од Титов Велес“ на истата режисерка.  Морам да кажам дека  Митевска навистина созреа. Годинава  пренесе атмосфера која изнудува германскиот гледач да се дистанцира од она што создава мачнина. Тоа е нели природно. Затоа јас лично сакам во наредните години еден филм од Македонија со музика, со хумор, со прекрасната природа. Доста е од мачнини“.

    “Кога денот немаше име“ е инаку четврто рандеву на Теона Митевска со публиката на Берлинскиот Фестивал („Вета“  2001, „Јас сум од Титов Велес“2007, „Жената што ги избриша солзите“  2012) , но петта средба воопшто со германската публика („Како убив светец Фестивалот во Котбус 2004).

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира