ФИЛМОВИ СЕ ГЛЕДААТ В КИНО, НЕ ДОМА – АПЕЛ НА АЛМОДОВАР ВО ВЕНЕЦИЈА

    ФИЛМОВИ СЕ ГЛЕДААТ В КИНО, НЕ ДОМА – АПЕЛ НА АЛМОДОВАР ВО ВЕНЕЦИЈАПедро Алмодовар со актерката Тилда Свинтон, годинашна добитничка на Златен лав за животно дело. (Фото: АП)

    Шпанскиот режисер Педро Алмодовар ѝ се приклучи на европската филмска елита на Венецискиот филмски фестивал, во нивните сѐ погласни апели да се отворат кината и што поскоро да почнат да се снимаат филмови, со оглед на тоа дека филмската индустрија е една од најпогодените поради пандемијата на ковид-19.

    „Филмовите треба да се гледаат на големо платно, не дома“, рече Алмодовар.

    Мостра е прв меѓународен филмски настан кој се одржува во физичка форма од почетокот на коронакризата, а се одвива под строги заштитни протоколи.

    Алмодовар дојде во Венеција за премиерата на неговиот краток филм „Човечкиот глас“ и изјави дека стриминг платформите имаа важна улога во забавувањето на луѓето за време на карантините низ светот изминативе неколку месеци. Но, додаде дека тие придонеделе за опасниот феномен за тоа многу да порасне бројката на луѓе на кои им е удобно да живеат, работат и да се хранат дома, а тој смета дека е тоа „затвор на кој мора да му се спротивставиме “.

    „А противотров на тоа е киното. Таму одите, седнувате до непознати луѓе и може да плачете или да се смеете со нив. Ако пуштам филм на платфoрма како на пример Нетфликс, тогаш некако го губам контактот и таа средба со гледачот. Мора да им кажете на луѓето да одат во кино, во театри, затоа што некои работи може да бидат откриени само на големото платно, во темнината, со луѓе кои не ги познаваме“, рече славниот шпански режисер.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира