ФРАНЦУСКИОТ АКТЕР МАТЈЕ КАСОВИЦ ТЕШКО ПОВРЕДЕН ВО МОТОЦИКЛИСТИЧКА НЕСРЕЌА

    ФРАНЦУСКИОТ АКТЕР МАТЈЕ КАСОВИЦ ТЕШКО ПОВРЕДЕН ВО МОТОЦИКЛИСТИЧКА НЕСРЕЌАКасовиц се подготвувал за нова филмска улога кога се случила несреќата (Фото: АФП)

    Францускиот актер и режисер Матје Касовиц се наоѓа во сериозна состојба по мотоциклистичка несреќа во реонот на Париз. Педесет и шестгодишната ѕвезда на филмовите „Омраза“ и „Амели“ била на обука за возење мотоцикл кога се случила несреќата, кажа полицијата.

    Француските медиуми објавија дека Касовиц се подготвувал за нова филмска улога и дека неговата состојба е загрижувачка, зашто има повреди на главата и фрактура на карлицата. Меѓу очевидците на несреќата била една од неговите ќерки, која возела мотоцикл зад него како инструкторка.

    Касовиц го напиша сценариото и го режираше „Омраза“ (La Haine) на 27 години. Филмот, во кој тој ја има и една од главните улоги, следи тројца мажи за период од 24 часа за време на нереди во Париз. Касовиц беше награден за најдобра режија на Канскиот фестивал.

    Тој исто така имаше главни улоги во „Амели“, „Минхен“ на Спилберг и во новата француска серија „Биро“, која стана светски хит.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира