ФРАНЦУЗИНКАТА АНИ ЕРНО ЈА ДОБИ НОБЕЛОВАТА НАГРАДА ЗА ЛИТЕРАТУРА

    ФРАНЦУЗИНКАТА АНИ ЕРНО ЈА ДОБИ НОБЕЛОВАТА НАГРАДА ЗА ЛИТЕРАТУРАЕрно го објавила првиот роман во 1974. (Фото: Твитер)

    Француската писателка Ани Ерно е годинашната добитничка на Нобеловата награда за литература.

    Нобеловиот комитет на Шведската академија соопшти дека 82-годишната Ерно се наградува за „храброста и клиничката острина со која ги открива корените, оттуѓувањата и колективните ограничувања на личната меморија“. 

    Таа е првата Французинка што доби Нобелова награда за литература меѓу 16 француски книжевници кои се досегашни лауреати.

    Ерно ја почнала својата литературна кариера во 1974 година кога го објавила првиот роман. Најголем дел од нејзините дела се автобиографски. Набргу по објавувањето на првите дела се откажала пишување романи се посветила на мемоарите. Нејзините над 20 книги, повеќето многу кратки, ги прикажуваат настаните од нејзиниот живот и животите на оние околу неа. Тие прикажуваат бескомпромисни портрети на сексуални средби, абортус, болест и смрт на нејзините родители.

    Нејзината најпозната книга е „Години“ (Les annees), објавена во 2008, во која се опишува себеси и поширокото француско општество од крајот на Втората светска војна до денес. За разлика од претходните книги, во „Години“, Ерно за себе пишува во трето лице, нарекувајќи го својот лик „таа“ наместо „јас“. Книгата доби бројни награди и почести.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира