Дванаесетминутни овации синоќа го означија почетокот на новата оперска сезона на миланска Скала, со премиерата на „Магбет“ од Џузепе Верди. Стотици гости дојдоа на отворањето на најважниот настан за Милано, меѓу кои и претседателот Серџо Матарела, дизјанерот Џорџо Армани, и покрај тоа што четвртиот бран на ковид-19 повторно затвора културни институции во повеќе европски земји.
Најголемата оперска певица на 21. век Ана Нетребко ја пееше Леди Магбет, а италијанскиот баритон Лука Салси беше Магбет.
Иако дејството се случува во 11.век, режисерот Дејвид Ливермор го постави во модерен град, а современата интерптереција сепак предизивика неколку свирежи за време на изведбата.
Италија уште во април ги отвори киносалите и театрите, но Владата во понеделникот го забрани влезот во повеќе објекти, меѓу кои и театрите, за невакцинираните против коронавирус.
Агенцијата АНСА ја пренесе изјавата на претседателот на Ломбардија Атилио Фонтана, кој кажа дека културните установи се отворени „благодарение на вакцините“.
„Бројките на инфекциите растат, но растот забавува“, рече тој.
„Кога ќе видам дека прекрасни тетари се затворени, како Државната опера во Виена, или пак тие во Минхен, Дрезден или Лајпциг, можам да кажам дека ние сме среќни. Годинава, отворањето на сезоната е чудо“, изјави уметничкиот директор на Ла Скала, Доминик Мијер.
Публиката и оркестарот носеа заштитни маски, додека оперските пејачи се движеа со дистанца на сцената. Свечената вечера која вообичаена се одржува по изведбата, годинава веше откажана.