ИЊАРИТУ ЌЕ ПРЕТСЕДАВА СО ЖИРИТО НА КАНСКИОТ ФЕСТИВАЛ

    ИЊАРИТУ ЌЕ ПРЕТСЕДАВА СО ЖИРИТО НА КАНСКИОТ ФЕСТИВАЛАлехандро Ињариту досега има освоено пет награди на Канскиот фестивал (Фото: Гети)

    Четирикратниот оскаровец Алехандро Ињариту ќе претседава со жирито на годинашниот Кански филмски фестивал. Мексиканскиот режисер, кој ги доби оскарите во 2014 и 2015 година за „Човек птица“ и за „Повратник“, вели дека е почестен.

    Жирито, на чие чело лани беше актерката Кејт Бланшет, го избира добитникот на главната награда Златна палма. Фестивалот оваа година ќе се одржи од 14 до 25 мај.

    „Кан е фестивалот што има голема важност за мене уште од почетоците на мојата кариера. Почестен сум и возбуден што се враќам на фестивалот оваа година и ќе ми биде огромна чест да претседавам со жирито. Филмот тече низ вените на оваа планета, а овој фестивал е нејзиното срце“, изјави Ињариту, кој досега има освоено пет награди во Кан.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари