ИСКЛУЧЕНА СТРУЈАТА НА НАЦИОНАЛНАТА ОПЕРА И БАЛЕТ ЗА ДОЛГ НЕПОДМИРЕН ПОРАДИ БЛОКИРАНА СМЕТКА

    ИСКЛУЧЕНА СТРУЈАТА НА НАЦИОНАЛНАТА ОПЕРА И БАЛЕТ ЗА ДОЛГ НЕПОДМИРЕН ПОРАДИ БЛОКИРАНА СМЕТКАСпоред НОБ, долгот за струја не е подмирен оти сметката на оваа национална установа е блокирана поради поради спроведување извршно решение од 2012-2013; - Од отворањето на Мајските оперски вечери 2022. (Фото: СДК.МК)

    Национална опера и балет (НОБ) во моментов е исклучена од струја поради неплатени сметки, соопшти дирекцијата на НОБ. Исклучувањето е по налог на компанијата ЕДС и од ЕВН – Македонија. НОБ е исклучена од струја од 18 август, а долгот кон ЕДС е од март, додека кон ЕВН од мај. Според НОБ, долгот не е подмирен оти сметката на оваа национална установа е блокирана поради спроведување извршно решение од 2012-2013, за 4,12 милиони денари (околу 67.000 евра)

    „Согласно работниот процес, како и секоја година, уметничките ансамбли се на колективен одмор од крајот на јули до крајот на месец август, со што се надоврзуваме кон прашањето за реализација на програмските активности и почетокот на сезоната, за која подготвителни дејствија се преземаа и во текот на летото, поточно за балетската премиера ‘Пепелашка’ со која ќе ја отвориме новата сезона кон почетокот на месец октомври, со што се подразбира дека работните процеси продолжуваат“, велат од НОБ.

    Од дирекцијата на НОБ велат дека се „во релација со сите засегнати страни, со цел наоѓање соодветно решение за новонастанатата ситуација“.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира