На 19 ноември во 19 часот во Музејот на македонската борба за самостојност ќе се отвори изложба посветена на истакнатата поетеса, есеист, раскажувач и писател за деца, Светлана Христова- Јоциќ (1937–2012).
Изложбата за првпат ќе ја презентирана официјалната донација на лични предмети од семејството Андреевски, овозможувајќи им на посетителите поблиску да се запознаат со животот и работниот амбиент на истакнатата поетеса. Таа остави опус од над 20 книги. Христова-Јоциќ беше сопруга на доајенот на македонската книжевност Петре М. Андреевски и мајка на уметникот Сергеј Андреевски.
Таа беше долгогодишен новинар и уредник во Радио Скопје, секретар и претседател на Друштвото на писателите на Македонија, член на Македонскиот ПЕН-центар, главен уредник на ревијата „Стожер“ и списанието „Портал“, како и иницијатор на значајната меѓународна манифестација „Македонски духовни конаци“.
Авторка на изложбата е кустосот Ана Китановиќ.



