ИЗЛОЖБАТА НА ДРЖАВНИОТ АРХИВ СО ФОТОГРАФИИ И ДОКУМЕНТИ ЗА ИЛИНДЕНСКОТО ВОСТАНИЕ ЌЕ ПАТУВА НИЗ ЗЕМЈАВА

    ИЗЛОЖБАТА НА ДРЖАВНИОТ АРХИВ СО ФОТОГРАФИИ И ДОКУМЕНТИ ЗА ИЛИНДЕНСКОТО ВОСТАНИЕ ЌЕ ПАТУВА НИЗ ЗЕМЈАВАИзложбата содржи над 300 архивски документи и фотографии прикажани на 20 изложбени паноа. (Фото: Државен архив)

    Изложбата на Државниот архив со над 300 архивски документи и фотографии во чест на 120 години од Илинденското востание, по отворањето во Крушево, ќе патува низ земјава.

    Изложбата беше отворена на 1 август во Македониумот, а како што вели директорот на Архивот, Емил Крстески, поради голем интерес, ледната недела ќе биде поставена во Музејот на македонската борба во Скопје, а потоа низ другите градови низ земјава.

    Изложбата содржи над 300 архивски документи и фотографии прикажани на 20 изложбени паноа. Документите се дел од архивските фондови што се чуваат во Државниот архив, а се преземени од архивите во Истанбул, Софија и Белград.

    ,, Оваа изложба ги прикажува: создавањето на македонската револуционерна организација, церемониите на заколнување на членството, дисциплината и солидарноста на Организацијата, нејзината структура, познатите војводи и револуционери, подготовките за Илинденското востание, текот и клучните вооружени борби со турската војска. На неколку паноа се прикажани и активностите што следувале по востанието, неговите последици и ефекти, како и конзулските известувања и објавите на светските печатени медиуми за него”, рече Крстески на отворањето на изложбата во Крушево.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира