ЈАВНО АПЕЛИРАМ ДО КАСТРИОТ РЕЏЕПИ ДА НЕ ГО КОЧИ ПРЕДЛОГ-ЗАКОНОТ ЗА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК, ВЕЛИ МИНИСТЕРКАТА ЗА КУЛТУРА

    ЈАВНО АПЕЛИРАМ ДО КАСТРИОТ РЕЏЕПИ ДА НЕ ГО КОЧИ ПРЕДЛОГ-ЗАКОНОТ ЗА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК, ВЕЛИ МИНИСТЕРКАТА ЗА КУЛТУРАMинистерката вели дека со законот ќе стане задолжително присуството на лектор во секоја јавна институција. (Фото: К. Попов)

    Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска и денес, како и честопати досега, апелираше до претседателот на Комисијата за култура во Собранието Кастриот Реџепи да закаже седница, за Предлог-законот за македонски јазик да се стави на дневен ред, да оди на амандманска расправа и да се изгласа.

    На денешниот брифинг со медиумите, министерката повтори дека со законот ќе стане задолжително присуството на лектор во секоја јавна институција. Нема повеќе да излегуваат текстови во јавност кои не се лекторирани, а втора најголема придобивка со законот е основањето на Инспекторатот за македонски јазик.

    „Од овој закон ќе произлезат одредени измени во Законот за основно, средно и високо образование. Со овој закон ќе продолжи стипендирање на студентите, ќе се даде поголема поддршка за македонската литература, како и за Институтот за македонски јазик. Инаку, Законот за македонски јазик не е променет уште од 1998“, додаде министерката.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира