КАМЕРАТА НА ДАУТ И ЉУМА ВО „МЕДЕНА ЗЕМЈА“ НАЈДОБРА НА СВЕТСКИТЕ НАГРАДИ ЗА ДОКУМЕНТАРЦИ ИДА

    КАМЕРАТА НА ДАУТ И ЉУМА ВО „МЕДЕНА ЗЕМЈА“ НАЈДОБРА НА СВЕТСКИТЕ НАГРАДИ ЗА ДОКУМЕНТАРЦИ ИДАЕкипата на „Медена земја“ вчера се подели за да присуствува на свечените церемони за наградите - режисерот Стефанов и снимателот Фејми Даут беа во Лос Анџелес, а режисерката Тамара Котевска и Самир Љума беа во Берлин на доделувањето на европскито Оскар. (Фото: Фејсбук)

    „Медена земја“ ја освои наградата за најдобра камера на Фејми Даут и Самир Љума на најпрестижните награди за документаци ИДА, што се доделија синоќа во Лос Анџелес. Режисерот Љубомир Стефанов ја прими и наградата „Паре Лоренц“, која на ИДА се доделува „за давање пример за филмско снимање, со истовремено фокусирање на соодветната употреба на животната средина, правда за сите и откривањето на социјалните проблеми“, а „Медена земја“ е годинашен добитник.

    Примајќи ја наградата, Даут рече дека таа е голем поттик за него да продoлжи со работата и признание за 8-годишната соработка со Стефанов.

    На Интернационалните документарни награди ИДА „Медена земја“ имаше имае три номинации: за најдобар филм, за режија и за камера, а сирискиот „За Сама“ го победи македонскиот филм по вторпат во една вечер – освои ИДА за најдобар филм и европски оскар за најдобар документарец неколку часа претходно во Берлин. „За Сама“ го следи животот на Сиријката Ваад ал-Катеаб, една од режисерите на филмот, за време на петгодишната војна во Алеп, кога ја добила ќерката Сама.

    Екипата на „Медена земја“ вчера се подели за да присуствува на свечените церемони за наградите. Режисерот Стефанов и снимателот Даут беа во Лос Анџелес, а режисерката Тамара Котевска и Љума беа во Берлин. „Медена земја“ е првиот македонски филм номиниран за престижната награда на Европската филмска академија (ЕФА) позната и како европски Оскар.

    „Медена земја“ e македонски кандидат за Оскар во категоријата најдобар странски филм за 2020 на Американската филмска академија. Номинациите за 92. доделување на Оскарите ќе бидат објавени на 13 јануари, а свеченоста е на 9 февруари. Ден претходно, во Лос Анџелес ќе бидат објавени добитниците на престижната американска награда Независен дух, предвесник на Оскарите, каде „Медена земја“ е номиниран за најдобар документарец заедно со „Американска фабрика“, „Аполо 11“, „За Сама“ и „Островот на гладни духови“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира