КАН ЌЕ ЈА ПРОСЛАВИ 20-ГОДИШНИНАТА НА „РАСПОЛОЖЕНИ ЗА ЉУБОВ“ НА ВАНГ КАР-ВАИ

    КАН ЌЕ ЈА ПРОСЛАВИ 20-ГОДИШНИНАТА НА „РАСПОЛОЖЕНИ ЗА ЉУБОВ“ НА ВАНГ КАР-ВАИ„Расположени за љубов“ беше прикажан во официјалната селекција во Кан во 2000

    Канскиот филмски фестивал оваа година ќе ја одбележи 20-годишнината од премиерата на драмата „Расположени за љубов“ на хонгконшкиот режисер Ванг Кар-ваи.

    Филмот е реставриран во 4К резолуција и во ова ново издание ќе се прикажува во кината во Франција и пошироко.

    „Расположени за љубов“ беше прикажан во официјалната селекција во Кан во 2000 година и ја однесе наградата за најдобар актер (Тони Леунг). Тој ќе има проекција и на годинашното, 73. издание на фестивалот, на што ќе присуствува и 63-годишниот Ванг Кар-ваи.

    Канскиот фестивал ќе се одржи од 12 до 23 мај.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира