КИНОТЕКА ЌЕ ПРИКАЖЕ ФИЛМОВИ ВО ЧЕСТ НА ГОРДАН МИХИЌ И СТЕФАН СИДОВСКИ-СИДО

    КИНОТЕКА ЌЕ ПРИКАЖЕ ФИЛМОВИ ВО ЧЕСТ НА ГОРДАН МИХИЌ И СТЕФАН СИДОВСКИ-СИДОПрофесорот Сидовски, кој почина во јули, беше голем пријател на Кинотеката и еден од нејзините најредовни посетители

    Кинотека на Северна Македонија ќе им оддаде почит на неодамна починатите филмски автори Гордан Михиќ и Стефан Сидовски-Сидо, прикажувајќи неколку нивни филмови во својата програма за септември.

    Михиќ беше еден од најплодните сценаристи во поранешна Југославија, автор на низа популарни филмови и ТВ-серии и Кинотеката ќе ја одбележи неговата смрт со три македонски филма, на коишто тој има работено: „Среќна нова ‘49“ на Столе Попов, „Контакт“ на Сергеј Станојковски и „Деца на сонцето“ на Антонио Митриќески.

    Професорот Сидовски, кој беше голем пријател на Кинотеката и еден од нејзините најредовни посетители, со децении важеше за неформален учител на млади филмофили и самиот снимаше аматерски и експериментални филмови и дел од нив ќе бидат прикажани во текот на септември.

    Почетокот на септемвриската сесија е резервиран за фестивалот на документарни музички филмови Скопје синема сити, а ќе можат да се проследат и два циклуса од националните кинематографии на Бразил и Русија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира