КИНОТЕКАТА В ПЕТОК ЌЕ ГО ПРОМОВИРА БЛУРЕЈ ИЗДАНИЕТО НА „МИРНО ЛЕТО“

    КИНОТЕКАТА В ПЕТОК ЌЕ ГО ПРОМОВИРА БЛУРЕЈ ИЗДАНИЕТО НА „МИРНО ЛЕТО“Лани се навршија шест децении од премиерата на „Мирно лето“ (Фото: Кинотека)

    Кинотека на Македонија в петок (12 часот) ќе го промовира блуреј дискот со дигитално реставрираната верзија на првата македонска филмска комедија „Мирно лето“ на режисерот Димитрие Османли. Тоа е прво блуреј издание на еден македонски филм.

    Лани, по повод 60-годишнината од излегувањето на филмот, Кинотеката ја направи неговата дигитална реставрација. Во филмот играат Љупка Џундева, Слободан Перовиќ, Петре Прличко, Мери Бошкова, Илија Милчин, Дарко Дамески, Ацо Јовановски, Анче Џамбазова, Димитар Ќостаров, Панче Камшик, Стојка Цекова, Вукосава Донева и други.

    Филмот „Мирно лето“ нема целосни оригинални негативи, туку само позитив 35-мм копии, кои останале од кинодистрибуцијата во минатото и денес не се технички соодветни за проекции. Затоа тимот на Кинотеката, Игор Старделов (филмолог-советник и раководител на Архивот), Александар Трајковски (филмолог) и Тихомир Кашмицовски (филмски техничар), го надгледуваа процесот на скенирање на интернегативи во 2К-резолуција, кои беа обработени во лабораторијата „Клик филм“ во Загреб. Звукот исто така беше дигитално обновен.

    „Голема одговорност и привилегија е да се работи на дигиталната реставрација на македонското аудиовизуелно наследство. Секој филм има свој животен циклус, кој започнува со снимањето, а продолжува со прикажувањето. Дигитализацијата претставува еден вид оживување на филмот и продолжување на неговата животна приказна“, вели Трајковски.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира